Погба нема да игра за Јуве пред СП, дебито може да му биде против Манчестер јунајтед?

Јувентус утре против Лече им се враќа на обврските во Серија А, а тренерот Масимилијано Алегри има многу проблеми околу составот, не може да смета дури на десетмина фудбалери.

На долгата листа на повредени е и Пол Погба, за кого Алегри рече дека нема да игра за Јуве пред Мундијалот во Катар.

Интересно е што Погба кога потпиша за Јуве, тие беа тим кој треба да игра во Лигата на шампионите, а сега се тим кој напролет ќе учествува во Лигата на Европа, па теоретски е можно Погба својот прв меч сезонава да го има токму против неговиот ексклуб Манчестер јунајтед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести