Пол Погба поради повреда уште нема одиграно меч за Манчестер јунајтед во 2020 година, а има многу шпекулации дека летово ќе ја промени средината, дека е несреќен во Англија, но најновите информации се дека тој би го продолжил договорот со Црвените ѓаволи.
Сезонава Погба одигра само осум меча, нема дадено гол, има две асистенции. Неговиот агент Мино Рајола даваше изјави дека Јунајтед би ги уништил и Пеле или Марадона и дека подобро би му било ако се врати во Јувентус. Интерес за Погба имаше и од Зинедин Зидан, но Реал Мадрид не сакаше да троши многу пари за него.
Сепак, по привлекувањето на Бруно Фернандеш и добрите игри на Одион Игало, мислењето на Погба се сменило. Тој верува дека сега Манчестер има добар тим кој со неколку засилувања летово може да се бори за трофеи, па би сакал да остане. Најавите се дека Погба ќе почека да види дали Јунајтед ќе се пласира во Лигата на шампионите за следната сезона и потоа ќе донесе одлука за својата иднина.