Со Солскјер на клупата, Пол Погба и Манчестер јунајтед се незадржливи

Пол Погба, но и целиот тим на Манчестер јунајтед игра како во шампионските денови на најтрофејниот англиск клуб. Погба кој е најскап играч во историјата на Манчестер, во третиот меч под водство на Оле Гунар Солскјер веќе стигна до четвриот погодок. Колку само за споредба, сезонава, додека Жозе Мурињо беше на клупата, Погба во 14 средби, даде само три гола.

Францускиот репрезентативец вечерва даде два гола и тоа за само едно полувреме против Борнмут. „Црвените ѓаволи“ имаат предност од 3:1, а Солскјер е само на 45 минути од третата победа во третиот меч и да стане само третиот  тренер на Манчестер јунајтед, кој како дебитант победил на првите три средби.

 

- Оглас -

Најнови вести