Погба утна пенал и му дозволи на Вулверхемптон да освои бод (Видео)

Вулверхемптон и Манчестер јунајтед одиграа 1-1 во последниот дуел од второто коло во Премиер лигата. Сега Волците имаат два бода, а Црвените ѓаволи четири.

Манчестер јунајтед има 43 победи на 64 меча играни во понеделник и речиси со 68 проценти успешност се најопасниот тим во Англија, кога станува збор за резултатите кои ги има во првиот работен ден од неделата, но вечерва не славеа.

Водството на Црвените ѓаволи им го донесе Антони Марсијал, кој стана 53-тиот фудбалер во клупската историја што дал 50 гола во дресот на Јунајтед. Изедначи Рубен Невеш, кој даде еврогол и по десетти пат постигна гол со шут од надвор од 16-никот.

Гостите имаа прилика да поведат, но Пол Погба утна пенал.

Французинот има четири утнати шутеви од белата точка во последната година и со тоа држи неславен рекорд. Навивачите на Манчестер се чудат зошто не шутираше Маркус Рашфорд, кој погоди пенал минатиот викенд, даде клучен пенал против ПСЖ во Лигата на шампионите и на Светското првенство против Колумбија.

Ова е утнатиот пенал, поточно добрата одбрана на Руи Патрисио:

https://twitter.com/i/status/1163552530871312384

Погледнете го проектилот на Невеш за 1-1:

- Оглас -

Најнови вести