Погба ваков гол не дал од времето кога беше во Јувентус (Видео)

Манчестер јунајтед со 2-1 триумфираше на гостувањето кај Фулам. Лондонскиот тим поведе, но Кавани и Погба дадоа по еден гол во двете полувремиња за пресврт. Французинот Погба уште од 2015 година, кога беше член на Јувентус, немаше дадено гол со лева нога со шут од надвор од 16-никот.

Кавани има четири гола за Манчестер, сите на гостински терен. Јунајтед е прв на табелата со два бода повеќе од Манчестер сити, но лидерот има и еден меч повеќе. Сезонава во Премиер лигата дури девет тима беа првопласирани во некој момент.

https://twitter.com/i/status/1352008668452171779

- Оглас -

Најнови вести