Погледнете го „евтиниот“ гол што го прими Наполи во 90+4 и му одзеде 1.500 евра на обложувач во Sport Life (фото+видео)

Обложувач во Sport Life остана без речиси 1.500 евра добивка поради што одбраната на Наполи прими евтин гол во четвртата минута од судиското надополнување и ремизираше при конечни 1-1 со Калјари.

Обложувачот погоди 12 пара комбинирани со вчерашни и денешни натпревари, а токму дуелот на „Диего Марадона“ стадионот му беше 13-тиот и последен меч кој го чекаше за убавата добивка, а се испостави дека е малерозен.

Хисај потполно заборави на Нандес кој од втор план влезе во шестнаесетникот и ја проследи долгата топка, па лесно го совлада голманот Мерет на првиот дирек.

https://streamable.com/kgcbks

- Оглас -

Најнови вести