Погледнете ја традицијата и се ќе ви биде јасно – Во Берн ќе се слави титула со фестивал од голови

Јанг Бојс ќе слави хет-трик денеска на својот стадион „Стад де Свис“ во дерби дуел со второпласираниот Сент Гален, што ветува убав, отворен меч во последното коло на швајцарското првенство.

Младите момци од Берн нанижаа три титули по ред и доминираат во последните години во Суперлигата на Швајцарија во конкуренција пред се на Базел и на Сент Гален.

Вечерва од 20.30 часот ќе се обидат со победа да стават печат на 14. шампионска круна со што се зацврстија на четвртото место на вечната листа со најтрофејни екипи во Швајцарија.

Пред нив се рекордерот Грасхоперс со 27 пехари, следи Базел со 20 и Сервет со 17. Карактерот на мечот, кој ќе биде ревијален меѓу двете најдобри екипи за сезоната 2019/20, но и традицијата со многу голови во меѓусебните дуели ветува фестивал од голови вечерва во Берн.

На последните шест натпревари меѓу Јанг Бојс и Сент Гален постојано имаше пет, или повеќе голови, двете екипи знаат да одиграат и 7+, што е најава за добра заработка.

Коефициентот за 5+ во Sport Life е 2.20, а за похрабрите вреди да се обидете и со 6+ за квота 3.35, или дури и 7+ со коефициент 5.90.

 

- Оглас -

Најнови вести