Погледнете како Видал мртов пијан не може да влезе во автомобил (Видео)

Фудбалерот на Интер, Артуро Видал, бил снимен како во многу пијана состојба не може да влезе во автомобил, а видеото се појави на социјалните мрежи и стана хит. Клипот е снимен на 18 август, три дена пред првиот меч на Интер сезонава против Џенова.

На видеото се гледа како Видал излегува од ноќен клуб, а случајни минувачи го запреа барајќи да се сликаат со него. Потоа Чилеанецот се обидува да се качи во луксузен спортски автомобил, но без успех. Правеше „колут“ назад, па седна наопаку. Мораше да дојде „помош од пријател”, па Видал да седне на совозачкото место во колата.

Видеото го снима жена, која живее над ноќниот клуб од којшто излегува Видал. Додека снима од својата тераса, таа се смее и коментира дека Видал не може да стои на нозе.

Од раководството на Нераѕурите биле запознати со „инцидентот“ и имале разговор со Видал на оваа тема.

- Оглас -

Најнови вести