Погледнете зошто Јокиќ е МВП – Ја „прочита“ акцијата на Голден Стејт и му донесе победа на Денвер (ВИДЕО)

Никола Јокиќ имаше фантастична партија забележувајќи 37 поени, осум скока и шест асистенции во првата плеј-оф победа на Денвер над Голден Стејт ворирорс од 126:121.

Српскиот кошаркар, во еден навистина фантастичен меч за гледачите, на секаков начин му помогна на својот тим, а тоа го стори и додека беше на клупата за резервни играчи.

Во одлучувачките секунди, Јокиќ од клупата, при резултат 121:123 водство на неговиот тим му кажа на соиграчот дека гостите својата акција ќе ја започнат со уфрлање на лоб под кошот. Токму тоа и се случи, а потоа тренерот на Денвер, Мајк Мелоун бараше тајм аут.

Во игра влезе токму Јокиќ кој со својата асистенција, му овозможи на Вили Барон да постигне тројка, и со тоа практично да го реши победникот.

И покрај сето ова, Голден Стејт и понатаму се фаворити бидеќи имаат водство од 3:1, а следниот меч се игра на 28 април во 04 часот пополноќ и тоа на нивен терен.

На останатите две средби, Мајами славеше на гостувањето кај Атланта со 110:86 и поведе со 3:1, додека Њу Орлеанс пеликанс израмнија на 2:2 против Феникс Санс откако триумфираа со 118:103.

- Оглас -

Најнови вести