Погодете ги Топ-5 лигите за крај на сезоната – Со Спортска прогноза може да се освои „ајфон12“

Последното коло од четвртата сезона на Спортска прогноза е во тек и е последна шанса за армијата учесници во бесплатната игра на Спорт Манија и Sport Life да се освои прекрасниот мобилен телефон „ајфон 12“.

На менито повторно се 13+2 пара од Топ-5 лигите во Европа, што е познат терен за прогнозерите, а последната рунда на Спортска прогноза може да се одигра до утре до 17.15 часот, кога почнува првиот натпревар меѓу Џенова и Болоња.

Има доста натпревари што се ревијални, односно без посебно резултатско значење на екипите, што може да им ја олесни работата на сите прогнозери што ќе го одиграат последното коло од четвртата сезона на Спортска прогноза.

Играта е забавна и едноставна, а носи одлични награди. Sport Life ги наградува и утките, па со еден промашен пар на Тринаесетката се добива ваучер од 1.000 денари, а со две утки ви следува ваучер од 500 денари.

Последното коло ќе биде исклучително возбуливо и во трката за нов шампион на Спортска прогноза, а наградата е ТВ Смарт од 48 инчи.

Тројца прогнозери со 245, 244 и 242 поени се топ-фаворити за врвот на табелата, а ќе бидат наградени сите што ќе завршат во Топ-5 во Генерален пласман.

Не чекајте, одиграјте ја последната рунда на Спортска прогноза и очекувајте убави награди.

 

- Оглас -

Најнови вести