Погоди три точни резултати, погоди и дека ќе биде нерешено на Ц. Ѕвезда – Партизан, но му избегаа 2.500 евра

И во денови кога понудата за игра не е многу голема, може да се направат одлични комбинации, а тоа е доказ и со овој тикет, кој вчера бил уплатен во Sport Life во Кисела Вода.

На тикетот се одиграни четири меча на кои се типувани конечните резултати од средбите. Делува неверојатно, но погодени се три точни резултати, а единствено е промашен точниот резултат на вечното белградско дерби меѓу Црвена Ѕвезда и Партизан.

Црвена Ѕвезда и Партизан играа во финалето на Купот на Србија, а предвидувањето на обложувачот било дека ќе заврши 1:1. Нерешено беше по 90 минут, но без погодоци, односно 0:0. Токму поради овој резултат, тикетот уплатен за 50 денари не е добитен за бруто добивка од 173.291 денари. Како утешна награда за овој тикет кој е уплатен со Sport Life картичка, ќе бидат 10-те ваучери во вредност од уплатата од 50 денари.

На тикетот се погодени резултатите на дуелите Клуж – ФЦСБ (2:0, домаќините промашија пенал за водство од 3:0), финалето од Купот на Словенија каде Олимпија Љубљана со 2:1 го победи Целје (овој резултат остана од 53 минута до крајот), како и победата од 2:1 на Јерв против Стјордалс, резултат кој беше уште од полувремето.

- Оглас -

Најнови вести