Појако не можеше, Шкендија го доби Тотенхем како можен ривал во Лигата на Европа!

Тетовска Шкендија има огромна мотивација да го совлада романски Ботошани во квалификациите за Лигата на Европа, бидејќи ако го стори тоа, во следното коло најверојатно игра дома против лондонски Тотенхем, кој ќе треба да го елиминира бугарски Локомотив Пловдив. Иако мечот би се играл без публика, гостувањето на премиерлигашот предводен од тренерот Жозе Мурињо, кај нас би било вистински спектакл.

Ренова ако успее да го победи сплитски Хајдук, потоа ќе игра со Галатасарај или Нефтчи. Турскиот тим има навивачи кај нас и би привлекол внимание.

Силекс кој треба да игра со косовска Дрита, ако победи, потоа би налетал на полска Легија со која ќе игра на гости во Варшава.

Дуелите од ова квалификациско коло се играат на 24-ти септември зад затворени врати, а победниците одат во плејофот кој е последна пречка пред влезот во групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести