Покажа кој е шампион: Голден Стејт во драма со продолжение го победи тимот кој имаше 19 победи во последните 20 меча (Видео)

Актуелниот НБА првак Голден Стејт го доби дербито против Милвоки бакс и тоа дури по продолжение од пет минути, со резултат 125:116. Во регуларниот дел, средбата заврши 111:111, а потоа Воините покажаа одлична игра и стигнаа до победата.

Стеф Кари со 36 поени беше предводник на победничкиот тим, а додаде и шест скока и четири асистенции. Кари погоди шест тројки од 15 обиди. Поддршка беше и Клеј Томпсон со 22 поени, а Донте Дивинченцо постигна 18 поени.

Кај Милвоки го немаше Јанис Адетокумбо, а прв стрелец во гостинските редови беше Крис Мидлтон со 19 поени. Милвоки на гостувањето кај Голден Стејт дојдоа со 19 поени во последните 20 меча, а малку фалеше и без Јанис да продлжат со победите.

Резултати на останатите мечеви: Шарлот – Јута 111:119, Детроит – Индијана 115:121, Орландо – Мајами 126:114, Атланта – Бостон 125:134, Хјустон – Чикаго 111:119, Мемфис – Далас 112:108, Њу Орлеанс – Оклахома 96:110, Феникс – Сакраменто 119:128.

- Оглас -

Најнови вести