Покер голови на Арсенал за убедлив триумф над Евертон и за плус пет пред Граѓаните во битката за титулата(Видео)

Фудбалеите на Арсенал продолжуваат со одличните игри сезонава и со вечерашниот триумф против Евертон му избегаа на пет бода на Манчестер сити во трката за титулата.

Топчиите по победата од 4:0 над Евертон во заостанатиот натпревар од седмото коло во Премиер лигата се лидери на табелата со 60 бода, пет повеќе од Манчестер сити, додека третопласираниот Манчестер сити има 11 помалку, но и натпревар помалку. Евертон е 18-ти на табелата со 21 освоен бод, колку што има и претпоследниот Борнмут.

Топчиите во финишот од првиот дел постигнаа два гола, Букајо Сака во 40-тата минута го отвори резултатот, а шест минути подоцна му асистираше на Габриел Мартинели за водство од 2:0.

https://twitter.com/i/status/1631036044903849986

Победата ја завери Мартин Одегард со голот во 71-вата минута, а конечниот резултат го постави Мартинели во финишот од мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести