Покер на Кејн и Бејл, Тотенхем се врати во игра за топ 4 (видео)

Тотенхем убедливо славеше против Кристал палас со 4-1 за трета победа во низа за тимот на Жозе Мурињо во Премиер лигата по подолга пауза, со која Петлите се вратија во битката за последното место кое води во Лигата на шампионите.

Хари Кејн брилјираше со два гола и две асистенции, односно наместените погодоци за Герет Бејл, при тоа англискиот напаѓач велемајсторски го совлада противничкиот голман во моментот кога зголеми за 3-1.

Претходно Кејн на двапати го донесе Бејл до позиција да ја тресе мрежата на соседите од јужниот дел од Лондон, а потоа во 52-та и 76-тата минута уште еднаш потврди дека моментално е меѓу најдобрите голгетери во светот.

Израмнувачкиот гол на Бентеке пред паузата им даде надеж на Орлите, меѓутоа им следуваше неизбежен потоп по фуриозната игра на домашниот состав.

Тотенхем сега е шести со 45 бода, два помалку од четвртопласираниот Челзи и еден бод помалку од Евертон, а нивниот подвиг на табелата го турна Ливерпул на осмото место по 27 одиграни натпревари во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести