Покетино: Ако ја освоиме ЛШ, ги пакувам куферите и си одам дома!

Европа вечерва ќе го добие вториот финалист во Лигата на шампионите. Ливерпул чека, а Ајакс и Тотенхем во нови 90 минути ќе се борат за историски подвиг. Копјаниците имаат многу поголеми шанси да патуваат за Мадрид, но во стилот на Црвените, ниту Тотенхем нема да се предаде иако од првиот меч во Лондон има негатива од еден гол.

Во „камбек“ најмногу верува Маурисио Покетино. Аргентинскиот стратег во пресрет на реваншот кој ќе се игра во Амстердам, посочи дека не е невозможно Тотенхем да ја освои Лигата на шампионите, а доколку навистина го сторат тоа, тој ќе го напушти кормилото на лондонскиот тим, поточно нема повеќе да се занимава со фудбал.

„Не се шегувам. Ако ја освоиме Лигата на шампионите, ќе ставам крај на петгодишниот маднат во Тотенхем и си заминувам дома. Ќе си го посветам времето на некои други работи. Тоа би било фантастично. Со овој тим, во вакви услови, во оваа тешка сезона ние да бидеме европски шампиони“, истакна Покетино.

Ајакс oд 1996 година чека пласман во финалето, додека за Тотенхем ќе биде сефте ако на 1 јуни се појави на теренот на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести