Покетино е реален: Ова не е тимот каков што беше пред 20 години, го одигравме можеби најдобриот натпревар сезонава

Фудбалерите на Челзи синоќа ја совладаа Астон вила со 3:1 и се пласираа во осминафиналето на ФА купот, а менаџерот на Сините, Маурисио Покетино, е презадоволен од прикажаната игра на неговите избраници.

Покетино вели дека сегашниот Челзи не е тимот каков што беше пред 20 години и дека мора „да одат понатаму“, како и дека победата над Астон вила е најверојатно најдобриот натпревар кои неговите фудбалери го одиграле сезонава.

„Мораме да прекинеме со ова бидејќи не сме оној Челзи од пред 20 години. Мораме да „одиме понатаму“ и да работиме на сегашниот проект. Мора да одиме понатаму, не ме интересира дали луѓето се среќни или не поради моите зборови. Се грижам за клубот, за моите играчи и сакам да им помогнам. Ова можеби беше еден од најдобрите натпревари сезонава. Играчите уживаа во фудбалот и тоа најмногу ме радува“, изјави Покетино.

- Оглас -

Најнови вести