Покетино ги пофали навивачите на Ѕвезда: Беше како на дерби во Росарио

Тотенхем со 4-0 ја разби Црвена ѕвезда, а тренерот Маурисио Покетино освен од резултатот, беше воодушевен и од атмосферата која ја приредија српските фанови. Покетино посака и во следната сезона да играат на „Рајко Митиќ“ со Ѕвезда во ЛШ.

„Среќен сум што победивме. Ѕвезда е талентирана екипа, сака да се натпреварува. Знаеме како си помина Ливерпул лани на овој стадион, ова е тешко гостување. Навистина уживав, првпат сум во Белград, атмосферата беше супер, навивачите фантастични, ме потсетија на дербито во Росарио, во Аргентина. Покажаа добра слика за клубот, а и од клубот се грижеа за нас“, изјави Покетино, кој при напуштањето на теренот им отпоздрави и им аплаудираше на Делиите.

- Оглас -

Најнови вести