Покетино како предвреме да се предава: ПСЖ фаворит против Барселона? Ве молам немојте да се шегувате

Барселона против Пари Сен Жермен во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе играат вечерва, а според многумина, ова е дербито во оваа фаза од елитната лига на УЕФА. Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, е претпазлив и вели дека Барселона е тимот кој ја има фаворитската улога.

„ПСЖ да е фаворит? Немојте да се шегувате. Гледам како се развива каталонскиот клуб по пристигнувањето на Роналд Куман. Тие започнаа ново поглавје во историјата на клубот. Јасно беше дека ќе има промени во нивните редови, но Барселона остана многу силен тим. Плус во своите редови го имаат Меси. Секако дека и ние имаме добар тим и дека неиграњето на Нејмар ќе ни недостасува. Без таква ѕвезда, играта на тимот трпи, но ние ќе се обидеме да го дадаме најдоброто на ‘Камп ноу’“, рече Покетино.

ПСЖ е актуелен европски вицепрвак откако минатата сезона стигна до финалето, каде што минимално со 1:0 загуби од Баерн Минхен. Според многумина, дуелот меѓу Барселона и ПСЖ ќе биде и битка за тоа кој клуб ќе успее да го добие потписот на Лионел Меси за следната сезона. Актуелниот капитен на Барселона на крајот од сезоната ќе биде слободен играч, а ПСЖ е најсериозен кандидат за негов следен клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести