Покетино: Мбапе тренира нормално, не ми кажал дека сака да си оди од ПСЖ

Пари Сен Жермен се подготвува за утрешниот меч од француската Лига 1 против Ремс, а ако не се случи нешто непредвидено, во составот на Светците би требало да се најде и Килијан Мбапе, со што шансите за негов трансфер во Реал Мадрид во голема мерка ќе се намалат. Тренерот Маурисио Покетино говореше и на темата деби на Лионел Меси, но не кажа конкретно дали неговиот сонародник ќе биде стартер.

Од Реал упатија ултиматум до ПСЖ дека договор мора да има најдоцна до утре, инаку ПСЖ нема да ги добие оние 170 милиони плус 10 за бонуси колку што им понуди Кралскиот клуб од Мадрид.

„Мене Килијан не ми кажал дека сака да си оди. Тој тренира многу добро“ – изјави Покетино.

Пред да истрча на терен на тренинг центарот, Мбапе се прегрна со спортскиот директор Леонардо. Дали тоа беше гушкање за збогум или нешто друго, останува да се види во наредните часови и денови.

- Оглас -

Најнови вести