Покетино: Најдобрите 45 минути што сме ги одиграле откако сум во Тотенхем

Тотенхем вчера го претрпе вториот последователен пораз на домашен терен во Премиер лигата. По шокот од Вулвс со 3-1, „петлите“ вчера на „Вембли“ не можеа ништо да сторат против расположениот Давид де Хеа, додека Рашфорд го постигна единствениот гол на дербито на „Вембли“.

Стратегот на Тотенхем, Маурисио Покетино, немаше што да им забележи на своите фудбалери, а смета дека во вториот дел играа одлично и покрај тоа што на крајот беа на страната на поразените.

„Игравме одлично во второто полувреме, па затоа сум задоволен, иако резултат не е во наша полза. Направивме сè што можевме да приредиме добар меч, доминиравме во вториот дел, креиравме многу шанси, иако беа без потребниот финиш. Сметам дека тоа беа најдобрите 45 минути што сме ги одиграле откако сум на клупата на Тотенхем. Оние 11 одбрани на Де Хеа беа извонредни, тој беше најдобриот играч на теренот“, истакна Покетино.

Со вкупно шестиот пораз сезонава, Тотенхем му дозволи на Челзи да дојде само на еден бод разлика и да го стави третото место во ризик, додека Манчестер сити денес ќе има можност да избега на пет бода разлика во однос на екипата од северен Лондон доколку оствари триумф против Вулверхемптон (21 часот).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести