Покетино не е како Тухел: Одма удри по најголемата ѕвезда на ПСЖ

Маурисио Покетино имаше разочарувачко деби на клупата на Пари Сен Жермен откако неговиот тим одигра само 1:1 во дербито против Сент Етјен. По ова реми, ПСЖ остана на второто место на табелата со три бода помалку од лидерот Олимпик Лион.

По завршување на дуелот, Покетино не го криеше разочарувањето и го посочи Килијан Мбапе како еден од главните виновници за тоа што ПСЖ освои само еден бод.

„Не се срамам да зборам за нашата најголема ѕвезда. Мбапе мора да ја подобри играта. Сите мора да играат подобро. Разочаран сум затоа што ние сме ПСЖ и на секој меч треба да одиме на победа. Мораме да играме многу подобро“, рече Покетино, кој дојде на местото на Томас Тухел.

Во следното коло, веќе задутре, ПСЖ на свој терен игра против Брест и ќе биде чудо ако домаќинот не ги освои трите бода.

 

- Оглас -

Најнови вести