Неславен старт на новиот тренер на ПСЖ

Маурисио Покетино со реми дебитираше на клупата на Пари Сен Жермен, откако францускиот првак одигра 1:1 во француското дерби против Сент Етјен. Покетино беше доведен на клупата на местото на Томас Тухел, кој доби отказ поради слабите резултати во првенството.

По 18 кола, ПСЖ е втор со 36 бодови и сега има три помалку од лидерот Олимпик Лион, кој вечерва победи против Ленс со 3:2.

Сент Етјен поведе во 19 минута, но само три минути подоцна погоди Кин за гостите и израмни на 1:1. Иако до крајот на мечот имаше уште 70-тина минути, ПСЖ не успеа да направи целосен пресврт. Кај гостите поради разни причини недостасуваа Нејмар, Рафиња, Бернат, Данило, Флоренци, Икарди, Кимпембе, Курзава и Паредес, но сепак тоа не треба да биде оправдување за тренерот Покетино што не стартуваше со три бода во дебитантскиот меч како предводник на ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести