Покетино: По финалето на ЛШ, десет дена не излегував од дома

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, призна дека многу тешко му паднал поразот од Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите, па десет дена тагувал и не сакал да излезе од дома. Ливерпул победи со 2-0 во мадридското финале на 1 јуни, а Покетино верувал дека неговиот тим бил подобар и незаслужено загубил.

„Тешко ми беше да се помирам бидејќи бевме блиску, а не успеавме. Имавме неверојатни тринеделни подготовки и поради тоа огромно беше разочарувањето кога загубивме. Такво разочарување имав и како играч на СП во 2002 година, кога за една недела одигравме нерешено со Шведска, а загубивме од Англија. По финалето, со воз заминав во Барселона и десет дена останав дома, не сакав да излезам. Мислам дека бевме подобри од Ливерпул, мали детали ја направија разликата“, изјави Покетино.

- Оглас -

Најнови вести