Покетино се колнеше дека никогаш не би бил тренер на Барса, ама сега се кае

Кике Сетјен најдоцна во понеделник би требало да добие отказ во Барселона, а според шпекулациите, фаворит за преземање на тренерската функција во каталонскиот клуб е Аргентинецот Маурисио Покетино, иако се спомнуваат и Роналдо Куман и Чави Ернандес.

Доколку Покетино го наследи Сетјен, ќе си го погази зборот кажан пред само две години, а тоа е дека никогаш не би ја водел Барса, поради љубовта која ја има кон Еспањол.

„Попрво би работел на фарма во Аргентина, отколку да бидам тренер на Барселона или Арсенал“ – изјави Покетино во 2018 година, додека уште беше тренер на Тотенхем.

Сега е без работа, па се кае за тоа што го кажа преклани.

„Не требаше да дадам таква изјава. Во животот никогаш не знаете што може да се случи“ – рече Покетино на 2 август, човекот кој наводно деновиве веќе имал тајни контакти со раководството на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести