Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, е задоволен од одлуката на УЕФА за преселба на финалето на Лигата на шампионите од Санкт Петербург во Париз.
Иако финалето нема да се игра на „Паркот на принцовите“ каде ПСЖ е домаќин, аргентинскиот тренер смета дека Светците би уживале ако бидат финалисти.
„Ова е дополнителна мотивација за нас, среќни сме. Еднаш веќе игравме финале, но за да успееме уште еднаш, пред нас е многу работа. Каде и да се игра финалето, ние би имале голема поддршка и навивачите би биле среќни. Ќе се игра тука во Париз, но чувството би било исто како на било кое друго место“ – вели Покетино.
ПСЖ на 9 март му гостува на Реал Мадрид во осминафиналето, а првиот меч францускиот тим го доби со 1-0, и има реални шанси да оди понатаму.