Покренато обвинение против Рајан Гигс за два напади врз жена

Актуелниот селектор на Велс, и легенда на Манчестер јунајтед и Премиерлигата, Рајан Гигс, е обвинет за предизвикување телесна повреда на жена која е во 30-тите години и напад на жена на 20-тина години. Инцидентот се случи на 1 ноември 2020 година.

Полицијата која водеше шестмесечна истрага, соопшти дека 47-годишниот Гигс е обвинет и за постојано контролирано насилно однесување помеѓу декември 2017 година и ноември 2020 година. Гигс треба да се појави во судот во Манчестер в среда на 28-ми април, кога треба да даде исказ.

Гигс беше суспендиран како селектор на Велс по веста за неговото апсење. Тој беше пуштен на слобода со плаќање на кауција, и ги негираше сите обвинувања против него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести