Пол беше на прагот на чудо и нешто што не му се случило на Ѓоковиќ, но го загуби првиот сет (Видео)

Исклучително интересен прв сет одиграа Новак Ѓоковиќ и Томи Пол во второто полуфинале на Отвореното првенство на Австралија, а по неочекувано голема битка, српскиот ас го доби со 7:5 и поведе со 1:0.

Новак имаше сигурна предност од 5:1 во гемови и сет-топка, но како да заспа и потоа го снема од теренот.

Пол се разигра, ја искористи шансата за брејк и намали на 2:5, а потоа се нижеа чудата на централниот терен во Мелбурн.

Американецот редеше гем по гем и од 1:5 дојде до 5:5, но немаше сили да го комплетира подвигот.

Ѓоковиќ се разбуди и ги доби следните два гема за 1:0 во сетови.

https://twitter.com/Eurosport_NL/status/1618908714609610752?s=20&t=E65XIMIKv7fBPptua-iPwg

Победникот од овој дуел ќе игра во финалето против Стефанос Циципас во недела, за пехарот на првиот гренслем во сезоната.

- Оглас -

Најнови вести