Пол Погба ќе го бојкотира Манчестер јунајтед ако не сакаат да го продадат

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба, е цврсто решен да си замине од Манчестер јунајтед и да премине во редовите на Реал Мадрид, а ако има потреба, подготвен е и на радикални дејствија, доколку „црвените ѓаволи” не сакаат да го продадат и му прават сопки на патот кон Мадрид.

Французинот го информирал клубот за својата желба и ако добие негативен одговор, ќе го бојкотира стартот на подготовките за новата сезона. Минатата сезона тој одигра 35 меча во Премиерлигата, и имаше 13 гола и 9 асистенции. Трансферната цена во моментов му е околу 100 милиони евра.

Погба сака да игра покрај Еден Азар, како и за својот сонародник Зинедин Зидан, а и популарниот Зизу инсистира на доведување на Погба, и не ги сака другите играчи од средниот ред за кои се шпекулира дека би дошле во Реал. Мадридскиот клуб досега потроши повеќе од 300 милиони евра, па трансферот на Погба веројатно ќе треба да почека, а во наредниот период, Реал ќе треба да продаде неколку свои играчи, за да не го прекрши финансискиот фер-плеј.

Интерес за Погба има и од неговиот поранешен клуб Јувентус, но засега Реал е фаворит во трката, секако, доколку Јунајтед се откаже од услугите на својот најдобар играч.

- Оглас -

Најнови вести