Пол-позицијата не гарантира ништо, но и Хамилтон и Ферстапен ќе дадат максимум да ја освојат

Луис Хамилтон или Макс Ферстапен? Имат ист број на поени, а еден од нив утре на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби ќе прослави шампионска титула во Формула 1. За Британецот тоа би била рекордна осма со што би го надминал Михаел Шумахер, а за Холанѓанецот прва во кариерата.

Денеска од 14 часот пилотите на Мерцедес и Ред Бул Хонда ќе водат битка за пол-позицијата, и чист простор пред себе на утрешниот старт. Лани во Абу Даби победник беше Ферстапен, но годинава имаше одредени измени во патеката, има повеќе места за претекнување, а тоа му одговара на Хамилтон. Имаше најави од Мерцедес дека Валтери Ботас ќе добие нов мотор, па и тој може да биде многу брз.

Што се однесува до квотите во Sport Life за квалификациите, Хамилтон е фаворит пред Ферстапен. На Ферстапен му одговара утре Хамилтон да не освои поен, но двајцата и нивните шефови ветија чиста и ферплеј трка. Денешните квалификации се само покажување мускули, утре е главното.

- Оглас -

Најнови вести