Полиција влезе во клупските простории на Барселона, уапсен и Бартомеу!

Утрово полиција влезе во канцелариите на клубот Барселона, во потрага по информации и докази поврзани со аферата „Барсагејт“. Приведен е некогашниот претседател Жосеп Марија Бартомеу, извршниот директор Оскар Грау, како и две лица од правниот сектор на Барса.

Обвинувањата се дека клубот ангажирал компании кои јавно ќе дискредитираат лица, а меѓу тие што треба да бидат нападнати беа дури и Лионел Меси и Жарарт Пике, како критичари на експретседателот Бартомеу. Имиџот на Бартомеу е уништен во последните месеци, најмногу поради несогласувањата со Меси, тој беше принуден да ја напушти претседателската функција, но сега ќе трпи и правни последици поради обвинението за корупција.

Наскоро во Барса треба да се одржат претседателски избори, а дали тоа ќе донесе мир и стабилност во клубот или ќе продолжат превирањата, останува да се види.

- Оглас -

Најнови вести