Полицијата бркаше црнец со зелена маица, но уапси погрешен човек и тоа фудбалер на Милан (Видео)

После едно пукање во Милано, полицијата беше во потера по две лица, од кои едното според описот бил црномурест човек со зелена маица, и беше фатен еден таков.

Но, полицајците брзо сфатија дека тој што го приведоа не е пукачот, туку фудбалерот на Милан, Тимуе Бакајоко, кој случајно се нашол во близина, и носел зелена маица. Ова се случило на 3 јули, а сега излезе и снимка на која се гледа како Бакајоко е уапсен од полицијата.

Подоцна, полицијата јавно се извини.

- Оглас -

Најнови вести