Полицијата потврди: Покрај Коби и ќерка му, во несреќата настрадале уште седуммина

Нема крај на лошите вести од Лос Анџелес. Во хеликоптерот кој се сруши, а во кој загинаа Коби Брајант и неговата ќерка, вкупно имало деветтмина луѓе и нема ниту еден преживеан.

Првичните информации беа дека во хеликоптерот имало петтмина луѓе, но сепак, официјално е потврдено дека деветмина биле на кобниот лет. Освен имињата на Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиџи, полицијата не ги објави имињата на останатите седум настрадани.

Засега не е познато која е причината за падот на хеликоптерот.

- Оглас -

Најнови вести