Полицијата уапси две лица за обид за киднапирање на играч на Фиорентина во Белград

Некогашниот фудбалер на Црвена ѕвезда, а сега на Фиорентина, Алекса Терзиќ, синоќа во Нов Белград бил нападнат од две лица кои се обиделе да го стават во багажник од автомобил и да го однесат во непознат правец. За среќа, тој успеал некако да побегне и обидот за киднапирање го пријавил во полиција.

Двете лица кои го нападнале Терзиќ најдени се во населбата Калуѓерица и веќе се уапсени. Напаѓачите биле во „ауди“, со кое удриле во БМВ-то на фудбалерот. Терзиќ побегнал, а тие му ја зеле колата.

Левиот бек Терзиќ летоска од Ѕвезда премина во Фиорентина за трансфер вреден 1,5 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести