Полицијата знае кој го убил водачот на навивачите на Партизан

Еден од водачите на навивачите на Партизан Љубомир Марковиќ најверојатно бил убиел од платен убиец, откриваат делови од истрагата, а пренесуваат српските медиуми. Марковиќ попознат како Кичо, беше убиен вчера во Белград, откако завршил со рекративно играње фудбал во еден од „балоните“ во главниот град на Србија.

Непознати напаѓачи кои најверојатно носеле маски, започнале да пукаат кон Марковиќ, а откако најпрво го раниле, потоа дошле до него и со два куршуми во главата го усмртиле. Се верува дека убиството било добро испланирано и напаѓачите го знаеле секое движење на Марковиќ.

И самиот Кичо со себе носел пиштол, но немал време кога да го употреби и да се одбрани од убијците. Марковиќ е познат по тоа што пред 10 години беше дел од хулиганите кои го убија францускиот навивач Брис Татон. За тоа убиство, Марковиќ првично беше осуден на 30 години затвор, потоа казната му беше намалена на 13 години, за да на крајот биде дел од амнестираните во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести