Полјакот Марчињак ќе биде раритет – Без финале на Лигата на шампионите доби шанса да го суди мечот за светска титула во Катар

Шимон Марчињак од Полска ќе го суди финалето на Светското првенство во Катар меѓу Франција и Аргентина во недела од 16 часот и ќе биде еден од ретките светски судии што имал привилегија да суди меч за Златната Божица, а претходно да нема судено финале во Лигата на шампионите.

Марчињак има 41 година, а врвно достигнување досега му беше судењето на Суперкупот на УЕФА меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во 2018 година.

Ден претходно во сабота Хрватска и Мароко ќе играат за третото место во малото финале, а судија ќе биде Катарецот Абдулрахман Ибрахим Ал-Јасим.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести