Полјаците го чекаат само Левандовски за да ја почнат „Мисијата Македонија“

Селекторот на Полска, Јиржи Брзечек, изјави дека е задоволен што на подолг период ќе ги има сите репрезентативци на располгање, а од вкупно 28 кандидати кои ги повика за дуелите со Македонија на 7 јуни и со Израел три дена подоцна, 25 веќе пристигнаа во Варшава.

„Добро е што ќе бидеме заедно на тренинзите една недела во Полска, а ќе имаме и официјален тренинг и во Скопје. Долго време не било вака“, изјави Брзечек.

Од главните адути се чека да се приклучи само Роберт Левандовски, кој ќе тренира од утре. Најдобриот стрелец на полската репрезентација играше за Баерн на пријателскиот меч со Кајзерслаутерн, па доби некој ден повеќе одмор.

Се знае дека и Шченсни нема да брани, а во Варшава веќе пристигна неговата замена, голманот на Унион Берлин, Рафал Гикиевич.

Полјаците ќе ни бидат гости на 7 јуни на нашата национална арена, а мечот ќе се игра од 20.45 часот, во рамките на третото коло во групата Г за настап на ЕП 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести