Полјаците не шутнаа на гол – Македонија диктира темпо, фали само уште гол(ови)

Македониа диктира темпо во дуелот со фаворитот Полска, а недостасуваше само гол(ови) во мрежата на Лукаш Фабијански како награда за одличната игра по првото полувреме.

Имавме и шанси, а Елиф Елмас се закани со одличен удар од далечина на почетокот. Му зададе многу проблеми на полскиот голман, кој едвај ја скроти топката.

Полјаците имаат одлични индивидуалци и пореномирани и поскапи ѕвезди, но беа надиграни од компактниот состав на домаќините. Сите наши линии функционираат добро, а во 40. минута Горан Пандев можеше со гол да ја круниса нашата доминација, но малку задоцни со ударот, кој заврши надвор од рамките на голот.

Полјаците допатуваа во Скопје како фаворити и лидери во нашата група, но интересно е што воопшто не упатија ниту удар во рамките на нашиот гол.

- Оглас -

Најнови вести