Полјаците реагираат: Зошто Левандовски осамен во нападот?

Полските колеги реагираат на неочекуваната измена во формацијата на нивната селекција против Македонија, а главна причина е што капитенот Роберт Левандовски ќе биде осамен во нападот.

Селекторот Јиржи Брзечек одлучи да ги остави на клупата одличните офанзивци, Пјонтек и Милик и да се обиде попретпазливо, само со шпицот на Баерн во нападот.

„Чудно е ова, и не знаеме зошто се смени формацијата. Може ли сам Левандовски да ни донесе победа“, се прашуваат послките колеги.

Вообичаено досега со Левандовски во нападот, во формација 4-4-2 играше Пјонтек, или Милик, но сега двајцата интернационалци од Калчото се на клупата за резерви, па Бундеслигашот Левандовски ќе биде апсолутно главна закана за Македонија.

- Оглас -

Најнови вести