Полноќен експрес: Лејкерси го добиваат дербито на „тешкашите“

8001 Сан Антонио спарс – ЛА лејкерс (02:30 часот)

Двата тима „тежат“ 21 титула во НБА-лигата, а гостите во моментов имаат многу поквалитетен тим, иако никако не смее да се потцени тренерскиот великан Грег Попович.

Сепак, Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Кармело Ентони и Расел Вестбрук се кошаркари од самиот врв, додека Спарси во моментов се во транзиција, односно го подмладуваат тимот за наредните сезони.

Лејкерс минатото коло дојдоа до првата радост во новата сезона, која ја започнаа турбулентно, но очигледно работите полека ќе легнат и машината од Лос Анџелес ќе биде пуштена на најјако во наредниот период.

Предлог тип: 2 и минус поени, 223.5 (3.20)

 

8556 Стеф Кари (Оклахома Сити тандер – Голден Стејт вориорс, 02:00 часот)

Најдобриот тројкаш во историјата на НБА игра неверојатно од почетокот на оваа сезона. Стариот Стеф Кари ни се врати, а за посилен Голден стејт го очекуваме и неговиот кошаркарски брат Клеј Томпсон, за повторно овој тим да биде еден од главните фаворити за титулата во НБА.

Кари игра одлично и бележи просек од 31 поен, девет скока и седум асистенции по натпревар во новата сезона, а вечерва на неговото „мени“ ќе биде Оклахома, која со својот млад тим тешко дека ќе најде решение како да се споре легендата на Голден стејт.

Предлог тип: Стеф Кари плус поени, 32.5 (1.85)

 

8592 Јута џез – Денвер нагетс (04:00 часот)

Јута изминативе сезони прерасна во тимот којшто практикува најубава и најатрактивна кошарка за гледачите и игра одлично во регуларниот дел од сезоната.

Иако за вечерашната средба под знак прашање е Руди Геј, којшто има проблеми со стапалото, сепак не би требало да имаат проблеми против Денвер, каде што единствена точка досега е само Никола Јокиќ.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -7.5 (1.93)

 

8403 Њујорк Никс – Филаделфија 76-серс (01:30 часот)

Тешко е да се победи во „Медисон Сквер гарден“ кога играат „Никси“, барем таке е во последниве две сезони.

Џоел Ембид и Филаделфија ги очекува тешка борба бидејќи домаќините се едни од најборбените и најжестоките тимови пред своите навивачи.

Од друга страна, пак, Дерек Роуз и Џулиус Рендл исто така ги очекува „тежок“ непријател под противничкиот обрач, па затоа најреално е да видиме мал број поени на оваа средба, која стартува од 01:30 часот по полноќ.

Предлог тип: минус поени, 216.5 (1.91)

 

8564 Лука Дончиќ (Далас маверикс – Хјустон рокитс, 02:30 часот)

Време е и Лука Дончиќ да потсети зошто го вреднуваат како еден од најголемите потенцијали во најквалитетната лига.

Предводникот на Далас никако да го фати ритамот во оваа сезона бидејќи шутот не е на нивото од претходните години. Сепак, сезоната е навистина долга, а ова е самиот почеток.

Но, за него и за тимот ќе биде многу подобро што порано да се врати во форма, а таква можност му се нуди уште вечерва, кога за противник го има Хјустон рокитс.

Предлог тип: Лука Дончиќ плус поени, 28.5 (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести