Полноќен експрес: Најдобрите спортови од САД нудат квота од 28

9739 Мајами долфинс – Балтимор рејвенс (НФЛ, 02:00 часот)

Балтимор игра одлично сезонава и се истакнува како еден од посериозните кандидати за настап во Супер болот.

Квотербекот Ламар Џексон одлично ги предводи Рејвенси, коишто се втори во конференцијата, а нивниот опонент, пак, е на очајното претпоследно место.

Одличниот напад што го имаат гостите нуди можност да се одигра двојка со хендикеп.

Предлог тип: Хендикеп 2, 7.5 (1.90)

 

8384 Јута џез – Индијана пејсерс (НБА, 03:00 часот)

Домашниот тим сè уште не знае за пораз пред своите навивачи, додека, пак, Индијана игра по принципот топло-ладно.

Рано утринава Индијана исто така играше натпревар, и тоа против Деневер, кој без главните играчи успеа да слави со 101:98.

Затоа Јута вечерва не би требало да има проблеми и да слави со двоцифрена разлика.

Предлог тип: Хендикеп 1, -9.5 (1.93)

 

8201 Бостон бруинс – Едмонтон ојлерс (НХЛ, 01:00 часот)

Најдобрата хокејска лига во светот вечерва ни нуди интересна програма со голем број натпревари.

Еден од нив е и средбата меѓу Бостон и Едмонтон, која се игра од 01 часот по полноќ.

И двете екипи играат на гол плус во противничката мрежа на почетокот на сезоната, па затоа тоа може да се очекува и вечерва.

Предлог тип: +5.5 голови (1.65)

 

8367 Пол Џорџ (Ла лејкерс – Мајами хит, 04:30 часот)

Во остуство на Кавај Ленард, Џорџ е главниот играч на тимот од Лос Анџелес.

Тој има одличен старт на сезоната и бележи 26,7 поени по натпревар, што е над понудената граница за вечерашниот меч.

Затоа од Џорџ и вечерва се очекува да блесне и да го понесе својот тим кон нова победа.

Предлог тип: Пол Џорџ плус +26.5 коша (1.87)

 

8335 Отава сенаторс – Лос Анџелес кингс (НХЛ, 01:00 часот)

Како што напоменавме, вечерва во НХЛ има богата програма која вреди да се одигра.

Отава изминативе сезони важеше за една од најдобрите домашни екипи, но оваа сезона играат очајно.

Ги изгубија сите пет последни натпревари пред своите фанови, иако во некои од нив беа фаворити.

Сепак, големо олеснување за нив е тоа што гостите имаат цела болница од повредени хокеари, па затоа ќе може да се надеваат на победа со којашто ќе ги израдуваат навивачите.

Предлог тип: 1 (2.50)

- Оглас -

Најнови вести