Полска е одлична армија без команда – Селектори се Левандовски, Глик, Криховјак…

Имам впечаток дека Полска има премногу селектори. Левандовски, Глик, Криховјак, Гросицки… сакаат да бидат селектори на репрезентацијата. Секој си влече на своја страна, што воопшто не е добро пред мечот со Македонија, критикува Цезари Ковалски, спортски коментатор во „Полсат“.

Во жестока дебата критики за однесувањето на дел од репрезентативците на Полска имаше и поранешниот репрезентативец и играч на Легија, сега тренер на Термалица, Јацек Зјелински.

„Има две сосема различни изјави за ист меч од Глик и од Криховјак. Можеби Глик не сака да игра натпревари каде одбраната нема работа, како што тоа беше против Летонија, па имаше забелешки на напаѓачите. Не знам што се случува, но не добро, ако има поделеност во репрезентацијата“, истакна 58-годишниот екс-репрезентативец на Полска.

Вечерва Полјаците се фаворити за победа против Македонија, но коефициентите за подвиг на гостите во Варшава растат, во добар дел и заради неочекуваните проблеми во домашниот табор и лошата атмосфера.

Во Sport Life почетно коефициентот за победа на Полска беше 1.37, а сега порасна на 1.45, што е знак дека растат шансите на Македонија. За реми понудата е 4.55, а за триумф на нашата репрезентација има одлична квота од 7.60.

Полска е лидер во Г групата со 16 бодови, пред Австрија со 13, а Македонија има 11, колку и Словенија. Изреал со 8 бода има само теоретски шанси на три кола до крај да биде учесник на ЕП 2020 година, каде ќе играат двете првопласирани од сите групи.

 

- Оглас -

Најнови вести