За историскиот успех на Мундијалот, Полјаците нема да добијат ниту едно евро премија!

Репрезентацијата на Полска го оствари најголемиот успех на светските фудбалски првенства во последните 36 години, откако влезе во ноакут фазата на Мундијалот во Катар. Полјаците загубија во осминафиналето од Франција со 3:1, но факт е дека на крајот се меѓу 16-те најдобри селекции во светот.

Пред почетокот на Мундијалот премиерот на Полска ветил дека фудбалерите ќе добијат премии во зависност од успехот на Мундијалот, а сега по враќањето во земјата, фудбалската експедиција била соочена со тоа дека нема да добијат пари. Околу целата оваа ситуација за коментар беше запрашан и капитенот Роберт Левандовски, кој даде дипломатски одговор.

„ Целата работа стана малку изговор за да се започне полско-полска војна, во која веројатно има многу политика, спорови меѓу различни фракции, исто така околу ПЗПН, околу поддржувачите и противниците на тренерот. Но, сето ова се случува надвор од играчите кои заедно со навивачите се жртви на оваа ситуација. Секој глас е искористен, извртен, усогласен со тезата што му одговара на личноста. А фудбалот, наместо да ги зближува луѓето, како да не подели овде. И ова е најлошото за мене“, рече капитенот на полската репрезентација.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести