Полските хулигани без осет: Претепаа дете, татко и дедо, сега ги чека затворска казна и до 12 години!

Легија Варшава изминатиов викенд гостуваше кај Ватра од Познањ, а победата на гостите од 2:0 остана во сенка поради инцидентот што го направија навивачите на полскиот гигант. Петмина хулигани кои се симпатизери на Легија Варшава со автомобил тргнале на гостување, кога по пат забележале како некој бара помош.

Син, татко и дедо патувале со автомобилот, кој им се расипал и стопирале за помош. Детето имало дрес од тимот на Ватра, па кога хулиганите го забележале тоа, веднаш застанале, но не да помогнат, туку да ги нападнат. Прво било нападнато детето кое имало само 13 години, а потоа и неговите татко и дедо. Сите тројца биле тешко претепани, а дресот на детето му го украле.

За среќа, хулиганите подоцна се пронајдени, а тројца завршија со лисици на рацете, додека останатите двајца се спасиле затоа што не учестувале во претепувањето на недолжната фамилија. На тројцата уапсени сега им се заканува затворска казна до 12 години.

- Оглас -

Најнови вести