Полските навивачи уште еднаш потврдија дека се непредвидливи: Се испотепаа меѓусебе (Видео)

Полска успеа да остане непоразена на гостувањето во Ротердам против Холандија и одигра 2:2 во меч од Лигата на нации. Иако репрезентативците на Полска одиграа одличен меч и донесоа радост за нивните навивачи, на трибините на стадионот каде што беа гостинските навивачи беше опасно.

Полските навивачи кој во добар дел од мечот заеднички ја богреа репрезентацијата, во еден момент почнаа да се тепаат меѓусебе. Поделени во две групи, полските навивачи почнаа да си „делат“ тупаници, а за среќа, инцидентот траеше само околу една минута, а потоа страстите се смирија.

- Оглас -

Најнови вести