Полуд меч немало: Промашени три пенали за едно полувреме, на крај од „белата точка“ даден гол за победа во 90+8 минута!

Замалек и Ал Ахли ќе водат голема битка за титулата во египетското првенство, нешто што се очекуваше и пред стартот на сезоната. По 24 одиграни кола, Замалек е лидер со 54 бодови, додека Ал Ахли е втор и заостанува 13 бодови, но има и дури пет средби помалку, кои доколку ги добие ќе биде нов лидер.

Вечерва Замалек на свој терен играше дерби против третопласираниот Ел Масри, дуел кој ќе се памти долго. Гостите поведоа по само 100-тина секунди игра, а Замалек израмни во 29 минута. Ел Масри имаше шанса до полувремето да даде барем уште еден гол, но неверојатно е дека гостите промашија два пенали.

Најпрво во 35 минута утна Али, а во 44 минута повторно беше досуден удар од белата точка за гостите, но и овојпат беа непрецизни. Кога се очекуваше крај на првиот дел, гостинскиот фудбалер Рефет заработи црвен картон, а беше досуден пенал и за Замалек. За чудо и домаќините промашија пенал, па на полувреме остана 1:1.

Во вториот дел Замалек поведе со 2:1, Ел Масри израмни, а претходно и домаќините останаа со играч помалку на терен. Кога се очекуваше да биде отсвирен крај на мечот, се случи нова драма. Во 90+8 минута беше досуден нов пенал за Замалек, а овојпат, по три промашени пенали на мечот, конечно имаше погодок. Сајед погоди од белата точка, за победа на Замалек од 3:2.

- Оглас -

Најнови вести