Полуфиналето на СП го одлучи неверојатен среќен шут по кој победникот се извини (Видео)

Кајрен Вилсон за првпат во кариерата ќе игра финале на Светско првенство во снукер, откако вечерва во голема драма го совлада Ентони Мек Гил со 17-16 во неверојатното полуфинале кое се реши во мајсторка. Само последниот фрејм траеше околу еден час. Да биде драмата уште поголема, Вилсон својот клучен погодок го имаше кога всушност играше дефанзивен потег, а зелената кугла влезе во дупка.

После овој потег, Вилсон не можеше да си дојде на себе, ќе заплачеше од среќа, а му се извинуваше на противникот, бидејќи тоа не беше погодок од знаење, туку чиста среќа. Ако зелената останаше пред дупката, Вилсон веројатно ќе загубеше.

Вечерва ќе се одреди вториот финалист, откако Марк Селби и Рони О`Саливен доцна вечерва ќе го доиграат второто полуфинале.

- Оглас -

Најнови вести