Полувреме: Вардар игра како во транс и го „меле“ Веспрем (16:11)

Македонскиот ракометен првак одигра одлично во првите 30 минути на дерби мечот против Веспрем во Лигата на шампиони и води со 16:10. Ова е меч кој може да одлучи за второто место во групата, каде неприкосновена е Барселона.

Првите 15-тина минути од мечот беа израмнети. Ниту една од екипите немаше предност од повеќе од еден гол. Беше 8:8, кога Вардар со серија од 4:0 стигна до 12:8. До крајот на полувремето Вардар имаше и предност од шест гола (15:9) и 16:10, а на полувремето сепак замина со пет гола предност. Голманот Дејан Милосавлјев блеска на голот на Вардар и досега има 10 одбрани, додека во нападот најпрецизни се Дисингер со пет гола, Чупиќ даде три погодоци, а Криштопанс и Калараш по два гола.

Вардар има и голема помош од публиката во преполната сала „Јане Сандански“, а армосферата е феноменална.

- Оглас -

Најнови вести