Полувреме во Кавадарци: Вардар е на 45 минути од враќање во Првата лига (Видео+Фото)

Екипата на Вардар има водство од 1-0 и играч повеќе после првиот дел од бараж-натпреварот против Скопје, кој се игра во Кавадарци.

Вардар е апсолутно подобар противник во првото полувреме и води со голот на Дарко Размоски во четвртата минута. Истиот фудбалер имаше уште неколку одлични можности да го зголеми водството на Вардар, а беше поништен и погодок на Дарио Десниќ поради недозволена офсајд позиција.

Во 35-тата минута мечот за момент беше сопрен поради пиротехничкото шоу на навивачите на Вардар, а фудбалерот на Скопје, Миле Тодоров направи непромислен потег и еден од факелите кои паднаа во теренот, го зеде од тревникот и го фрли во гледалиштето. Тоа беше доволно за главниот судија Александар Ставрев да му додели црвен картони да го испрати во соблекувалната.

- Оглас -

Најнови вести