Помина кризата – Барса е држава со буџет од 1,25 милијарди евра, очекува и топ-добивка

Управниот одбор на Барселона вечерва го одобри буџетот на клубот за сезоната 2022/23 што е во тек и тој е над една милијарда евра со добра прогноза и за убава добивка.

Од буџетот што предвидува оперативни приходи од една милијарда и 255 милиони евра, се очекува Барселона да оствари чист ќар од 274 милиони евра.

Рководните структури на шпанскиот гигант го прифатија извештајот за претходниот буџет за 2020/21, кој беше поскромен, но сепак се „сврте“ една милијарда евра со вкупна добивка од 98 милиони евра.

Клубот за 9 октомври најави и спектакуларна промоција и состанок со заинтересираните фирми кои сакаат да бидат дел од спонзорскиот тим на Барселона, а со помош на интернет алатките ќе бидат виртуелно присутни околу 4.500 субјекти.

 

- Оглас -

Најнови вести